Поврзете се со нас

АТП

Родик за моменталната криза на Ѓоковиќ: Прво ќе му ги одземе нозете, а потоа и душата…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ не дозволи изненадување во дуелот со Џенсон Бруксби, иако младиот Американец му создаде сериозни проблеми на големиот фаворит.

Бруксби убедливо го доби првиот сет и жестоко се бореше во вториот, но големиот фаворит изменаџира уште еден триумф за четвртфинале на Ју-Ес Опен.

Интерес меѓу тениските фанови предизвика коментарот, односно твитот на поранешниот американски тенисер Енди Родик, кој знаеше што ќе му се случи на Бруксби.

– Ви ветувам една работа. Како поминува мечот, Новаќ ќе му го приреди најболното искуство во кариерата на ова дете. По час и половина во мечот, веќе има сериозни болки во телото.

– Прво ви ги одзема нозете, а потоа и душата, – твитнал Родик кој беше убеден во конечниот епилог и не погреши.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни