Поврзете се со нас

АТП

Родик за Ѓоковиќ: Тој старее, сега е тука новата генерација…

Објавено

на

foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ не успеа да ја задржи круната на Аустралијан Опен каде на неговиот пат застана Јаник Синер кој потоа и го освои турнирот во Мелбурн.

Србинот немаше добар настап на првиот грен слем во 2024 година, имаше проблеми и во претходните рунди пред да ги одмери силите со Синер, па многумина сметата дека ова е знак дека новата генерација е тука и се повеќе ќе го притиска најдобриот тенисер на светот.

-Некако отскокна од турниров во Мелбурн, не е негова вина, момчето беше подобар од кој било на планетава, вакви работи ќе се случуваат. Она што малку ме загрижува е фактот што полека старее. Кога работите се вртат против вас, тие брзо се вртат. И сега тој има момци кои можат да го клоцнат во заби, тука е таа нова генерација која сега знае дека може да го добие. Откако ќе го почувствуваат тоа, не се враќаат назад, не се предаваат на тој менталитет дека повеќе не можат да го победат, -истакна Енди Родик кој сепак многу добро знае со каков квалитет располага српскиот ас.

-Тој обично е добар во наоѓање некого со кој ќе се носи и да се мотивира на тој начин. Сите сме биле таму. Новак помалку од сите нас, затоа е тоа што е. Останатите сме во нашите гаражи и правиме подкасти. Неговата способност да најде начин да се мотивира е исто така супер-оружје, нели?-заклучи Енди кој своевремено беше светски рекет број еден.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни