Поврзете се со нас

АТП

Родик: Тешко е да се најде некој кој не мисли дека Ѓоковиќ е број еден, ама…

Објавено

на

Прославениот американски тениски ас, Енди Родик отворено говореше за трката за најдобриот рекет во оваа календарска година која му припадна на талентираниот Карлос Алкарас.

Алкарас ги искористи добрите партии, киксовите на ривалите, но и фактот што Новак Ѓоковиќ не можеше да биде активен на дел од турнирите и дојде до позицијата број еден, позиција на која ќе остане најмалку до крајот на 2022 година.

-Подемот на ова момче беше метеорски и очигледно е дека ги положува тестовите како некој кој ќе освои повеќе грен слем титули. Да се ​​дојде до број еден е друга приказна, сега сите ја чекаат следната година, -вели Родик кој сепак нагласува дека тешко е да се најде некој кој реално не смета дека Ѓоковиќ е најдобар на планетава и покрај тоа што не е водечки на АТП листата.

-Мислам дека е тешко да се најде некој кој не мисли дека Новак Ѓоковиќ е најдобар на светот. Ама местото број еден на АТП листата му припаѓа на Карлос Алкарас. Заслужено. Беше неверојатно да го гледам оваа година. Посакувам да беше во Торино оваа недела да се бори со големи играчи, но најважно е здравјето. Пред него е долга кариера и неговото „пристигнување“ е голема работа за тенисот, -заклучи Енди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни