Поврзете се со нас

АТП

Родик со црна прогноза за Ноле: Ѓоковиќ остана без својот „посебен зачин“

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ се повреди на мечот против Франциско Серундоло и подоцна испадна дека го скинал менискусот на десното колено, проблем поради кој Србинот експресно беше префрлен на оперативна маса.

Со цел што побрзо да го реши проблемот и да почне со рехабилитација, Ноле се согласи да направи операција во Париз и експресно почна со опоравувањето, бидејќи негова главна цел ќе биде да заздрави во наредните 30 дена и да почне со тренинзи за Олимписките игри.

По направениот хируршки зафат, српските медиуми почнаа да имаат многу пооптимистички прогнози за најдобриот светски тенисер, но така на работите не гледа поранешниот светски број еден, Енди Родик.

– Не е доволно да се каже само „коленото ќе ми биде добро за еден месец“. Не е само да заздрави, треба и да се тренира, а тоа особено важи за Новак. Ѓоковиќ остана без својот „посебен зачин“. Негова предност е тоа што ги уморува противниците, ги шета од една на друга страна, а за тоа му е потребен моторот, односно нозете.

– Тој најверојатно ја има најдобрата одбрана во историјата на тенисот, а тоа е благодарение на нозете. Негов проблем е што веќе има 37 години и што коленото почна да го мачи. Скинат менискус не е страшна работа на 24, 25 или 26 години, но времето во кое се случи ова е големо срање за него. Требаше да доминира на тревна подлога бидејќи таму е најдобар, а неговите ривали се најслаби на тој терен, – вели Родик и заклучува.

– Ако се повлече од Вимблдон, може да остане и без Ју-Ес Опен, а тоа може да значи и крај на сезоната за него. Тогаш би требало да се фокусира само на заздравување и на последен залет за 2025-та година, – завршува Енди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни