Поврзете се со нас

АТП

Родик: Ова може да биде крајот за Надал

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Nadal

Некогашниот светски рекет број еден, Енди Родик даде свое мислење околу ситуацијата со Рафаел Надал.

Надал се врати на терените во текот на оваа сезона, ама е далеку од препознатливото ниво, има проблеми дури и на неговата омиленa земјена подлога не може да се наметне и да одигра како што знаеше во минатото.

На Ролан Гарос беше елиминиран од Александер Зверев во три сета, а на ОИ во Париз загуби од Новак Ѓоковиќ во средба во која лесно можеше да заврши катастрофално за него.

-Тешко ми е да поверувам дека ќе се собере и ќе се обиде уште еднаш да го нападне Ролан Гарос, но во минатото згрешив за него и како и секој аналитичар кој има мислење, ние само погодуваме. Не знаеме, не сме дел од неговиот круг, вели Родик кој смета дека настапот на Лејвер Куп може да биде последен во кариерата.

-Сигурно не можам да размислувам како најдобрите играчи на сите времиња. Не можам да го разберам тоа, па не знам ни дали сака да се натпреварува за титули како, да речеме, во Баштад. Не знам дали тоа е неговата патека. Ќе видиме. На сите ни е подобро кога е тука. Да се ​​надеваме дека повторно ќе го видиме во големото финале. Не знам. Се чувствува дека ова може да биде крајот. Лејвер купот може да биде вистинска прослава“, заклучи Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни