Поврзете се со нас

АТП

Родик: Не се зборува доволно за успесите на Ѓоковиќ

Објавено

на

Американската тениска легенда и воедно некогашан светски рекет број еден, Енди Родик смета дека не се зборува доволно за успесите на Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ е еден од најголемите асови на сите времиња со 17 освоени титули на грен слемовите, но постојано некако е во сенка на Рожер Федерер и Рафаел Надал кои во досегашниот тек имаат триумфирано по 20 пати на најголемите турнири.

-Сакаме да кажеме дека Рафа е доминантен на земја, дека Новак е најдобар на бетон и дека Рожер е крал на Вимблдон. Ама Ѓоковиќ има освоено пет титули на Вимблдон од 2011 година. Тој е најдоминантниот играч во претходната деценија на тој турнир. Не се зборува доволно за овие успеси, -вели Родик.

Првиот грен слем во оваа година е Австралија Опен, а на истиот нема да настапи Федерер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни