Поврзете се со нас

АТП

Родик ја подбра мајката на Ѓоковиќ: Не можеш да го кажеш тоа за Федерер

Објавено

на

Дијана Ѓоковиќ беше доста актуелна преку серијалот на интервјуа кој го објави „Блиц Спорт“, но исто така една нејзина изјава предизвика многу реакции во тениската спортска јавност, од едноставна причина што го нарече „арогантен“ еден од најголемите ривали на нејзиниот син.

Говорејќи за ривалството на Новак со Рожер Федерер, мајката на Србинот призна дека посебно ја нервира ароганцијата кај швајцарскиот маестро, заклучок со кој секако не се согласуваат луѓето кои добро го познаваат Федерер.

Енди Родик беше еден од тенисерите кои имаше епски битки со Швајцарецот, па тој беше еден од најдиректните во одговорот кој го упати до мајката на светскиот рекет број еден.

– Таа изјава навистина беше непотребна, не можете така да нападнете човек кој не го познавате доволно. Кога би почнал да го опишувам Федерер, тој збор (арогантен) нема да биде во првите 6000. кои би ги употребил. Лично, мислам дека Ѓоковиќ и неговото семејство во последните неколку дена имаа неколку загрижувачки изјави, – вели Родик за „Tennis chanel“, коментирајќи го и ставот на Србинот дека познава луѓе кои со молитва можат да претворат „загадена во света вода“.

– Тука мислам на изјавата за претворање на загадена во света и лековита вода. Тоа е една од загрижувачките изјави. Сепак, моето лично несогласување со неговите ставови не ме спречува да бидам пријателски настроен кон него. Кога е во прашање тенисот, уживам да го гледам на теренот. Има шанса да биде најдобар во историјата, – завршува Американецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни