Поврзете се со нас

АТП

Родик: Ѓоковиќ ми ги отвори очите и ме натера да се пензионирам

Објавено

на

blank

Енди Родик е еден од ретките тенисери кои можат да се пофалат дека имаа позитивен скор со Новак Ѓоковиќ (5:4), но легендарниот Американец сега открива дека токму актуелниот светски рекет број еден бил оној кој му ги „отворил очите“ и го натерал да замине во пензија.

Родик ја шокираше цела спортска јавност кога како поранешен најдобар тенисер стави крај на кариерата на свои 30 години, одлука која ја соопшти по поразот од Хуан Мартин Дел Потро на домашниот грен слем во Њујорк во 2012-та година. Девет години подоцна, Родик открива дека таа одлука почнала да тлее во него еден месец претходно, кога се почувствувал декласиран од Србинот Ѓоковиќ на Олимписките игри во Лондон.

Во мечот од втората рунда, Новак победи со убедливи 6:2 и 6:1 и му препушти само два гејма на играч кој важи специјалист за тревна подлога, епилог кој го натерало Родик да помисли за повлекување од тенисот.

– На Олимписките игри во 2012-та година не бев носител и играв со Ѓоковиќ во втората рунда. Ги освоив двата турнири кои претходеа на игрите, се играше на Вимблдон и чувствував дека тоа е место на кое можам да се почувсвствувам како некогаш. Се чувствував навистина добро, а имав и добар скор против Ѓоковиќ.

– Сепак, тој ме уништи, се чувствував како дете на теренот, освои само три гејма на трева. Сервирав просечно, тоа никако не е добро против Новак. Кога го напуштав теренот, си велев дека не одиграв толку лошо, но почнав да размислувам за тоа како тенисот изгледа поинаку, станува друга игра од онаа која јас ја знаев. Чувствував дека момците од врвот се од друга планета. Тоа беше моментот кој ми ги отвори очите, потоа се пензионирав, – открива Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни