Поврзете се со нас

АТП

Родик: Ѓоковиќ е негативец, сега е човек кој сака да го убие Бамби

Објавено

на

Некогашниот светски рекет број еден, Енди Родик на интересен начин ја искоментира дисквалификацијата на Новак Ѓоковиќ од Ју-Ес Опен.

Српскиот ас беше елиминира од турнирот во Њујорк во 4. коло и тоа откако на дуелот со Пабло Карењо Буста имаше невнимателен потег по 11 гејм во првиот сет и со топче ја погоди во главна линиската судијка. По ова следеше пауза, разговори по кои организитаорите одлучија да го елиминираат Ѓоковиќ од овој грен слем на кој важеше за прв фаворит за титулата.

-Последните шест месеци за Ѓоковиќ се вистинска катастрофа во поглед на односи со јавноста. Во очите на навивачите, тој сега е човекот што сака да го убие Бамби. Во овој период од неговата кариера, кога сите веќе долго време ги сакаат Рожер Федерер и Рафаел Надал, Новак е на некој начин негативец, -истакна Родик.

-Тоа беше крајно несреќен момент, ама се стави во позиција каде ја бараше лошата среќа во равенката  со тоа што го направи. Не можете да се извлечете од тоа. Она што мене повеќе ме загрижува е 20-минутната комуникација по инцидентот, не беше претерано загрижен за вратот на линиска судијка. Потоа ја прескокна прес-конференцијата, па тоа некако повеќе ми сметаше, отколку самиот инцидент, -дополни Американецот кој ја заврши кариерата со позитивен скор во дуелите со Ѓоковиќ (5-4).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни