Поврзете се со нас

АТП

Родик: Ѓоковиќ е како Јоко Оно, ги растури „Битлси“!

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Енди Родик е еден од ретките тенисери кои кариерата ја завршија со позитивен скок во дуелите со Новак Ѓоковиќ, но и покрај тоа, легендарниот Американец не се срами да признае дека Србинот е најголем играч на сите времиња.

Иако имаа и тензични соочувања на тенискиот терен, Енди почна повеќе да го цени Србинот со текот на годините, а откако ги надмина Федерер и Надал по бројот на освоени грен слем титули, Ноле за него е неприкосновен на врвот и најголем на сите времиња.

Говорејќи на оваа тема во последниот разговор за американските медиуми, Родик се обиде преку пример да долови како влијаел Ноле кон своите двајца големи ривали, кои пред да дојде Ѓоковиќ на сцена беа главни миленици на цела спортска јавност.

– Звучи чудно, но Новак е како тениски Јоко Оно, ги растури „Битлси“. Тој беше оној кој не го посакувавме, оној кој не беше потребен во шоуто. Веќе имавме изградено ривалство, леворак тенисер и деснорак тенисер, целосен контраст на стилови, – вели Родик, алудирајќи на Надал и Федерер.

– Во текот на тоа, одеднаш се појави таканаречен киборг, робот и човек кој игра со многу емоции. Него не го интересираше шоуто на двајцата, знаеше дека е комплетен играч и ги издржа сите удари. Мислам дека обичните тениски фанови беа лути на него поради тоа што го расипа омиленото ривалство, – завршува Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни