Поврзете се со нас

АТП

Родик ги наброја шесте најдобри сервери во историјата на тенисот (Фото)

Објавено

на

Ник Кирјос го освои турнирот во Вашингтон и со самото тоа отвори голема дебата на социјалните мрежи, и тоа на тема која често знае да биде интересна во тениската јавност.

Сервисот е елемент од тенисот кој е многу важен за голем успех на врвен тенисер, а Марк Пичи заклучи дека кога е во ритам, Кирјос е еден од петте најдобри сервери на сите времиња.

Австралиецот ги воодушеви експертите и со начинот на кој сервираше на Вимблдон каде сепак загуби во финалето од Ѓоковиќ, но според Родик, има најмалку шест кои се подобри од Кирјос.

Поранешниот грен-слем шампион кој исто така важеше за играч кој има разорен сервис, се вклучи во дебатата и одговори на Твитер.

– Изнер, Карловиќ, Бекер, Сампрас, Артурс, Иванишевиќ…… Сигурен сум дека заборавив некој друг. Кого треба да изоставам за оваа листа да биде точна?, – се прашува и самиот Родик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни