Поврзете се со нас

Италија

Роденденската прослава се претвори во кошмар: Тифозите на Милан протестираа на трибините, но и пред „Сан Сиро“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан вчера прослави навистина убав и специјален јубилеј и одбележа 125 години од своето постоење, бројка која сите очекуваа дека ќе биде заокружена и со победа против Џенова во Серија А.

Наместо тоа, избранциите на Пауло Фонсека повторно разочараа и одиграа 0:0 против тимот на Патрик Виеира, а тоа донесе рафал од свирежи по последниот судиски свиреж, од една страна кон играчите, но најмногу до управата на клубот.

Гери Кардинале како прв човек на Милан не се појави на „Сан Сиро“ при прославата на специјалниот јубилеј, па така роденденската прослава на „росонерите“ се претвори во шанса за тифозите да го искажат сето свое незадоволство.

Протестите започнаа на трибините уште по последниот судиски свиреж, но од Италија пристигнаа видеа кои откриваат дека истите продолжиле и пред „Сан Сиро“.

Најверните навивачи на Милан се разочарани од начинот на кој се води клубот во последно време, а пораката која најсилно одекнувала на трибините и пред стадионот била следната: Ние не сме Американци!

Со тоа јасно се алудира на американскиот бизнисмен Гери Кардинале и групацијата „Ред Брд“ која има најголеми акции во клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни