Поврзете се со нас

Лига Европа

Роде покажа како изгледа неговата глава по финалето во Лига Европа (Фото)

Објавено

на

Себастијан Роде со минато во клубови како Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, сосема оправдано ја носи капитенската лента во Ајнтрахт Франкфурт, а како лидер на тимот, на крајот се радуваше на првата европска титула по пауза од 42 години.

Играчот за врска беше важен дел од финалето во Севилја, бидејќи се опорави од тешкиот удар кој го претрпе на главата и со голема расекотина реши да продолжи да игра и да се жртвува за тимот.

Роде издржа до 90-та минута и дури тогаш беше заменет од тренерот Гласнер, но покрај по трофејот, Себастијан ова финале во Лига Европа против Ренџерс ќе го памети и по белегот кој ќе му остане на челото.

По големата победа во пенал рулетот, Роде покажа како изгледа неговата сошиена глава, а во интервјуто за германските медиуми, обелодени дека неговата повреда го потсетила на онаа на Бастијан Швајнштајгер од финалето на мундијалот во 2014-та година.

– Главната работа е да ја добиеш работата!!! Се друго е неважно.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни