Екипата на Леванте дојде до трите бода во дуелот со Мајорка во премиерниот натпревар од 14. коло во првата лига на Шпанија.
Домашниот состав славеше со 2-1, а погодокот вреден три големи бода беше дело на Рубен Рочина во 73 минута. Некогашниот талент на Барселона се одлучи да бие од голема далечина и неговиот проектил заврши во мрежата на Реина.
Претходно Роџер во 52 минута донесе радост за Леванте, меѓутоа возврати Родригез во 65 минута.
Кога се во прашање нашите репрезентативци, Енис Барди доби шанса од 79 минута, додека пак поради повреда мечот го пропушти Александар Трајковски.
Facebook Коментари