Поврзете се со нас

Свет

Робињо приведен во Бразил, го чека затворска казна од 9 години (ВИДЕО)

Објавено

на

Некогашниот бразилски репрезентативец Робињо е приведен од властите во неговата земја, а причината за тоа е случајот со групно силување на албанска државјанка во 2013 година.

Тој беше осуден од италијанските власти во 2017 година, меѓутоа не им беше достапен на истите затоа што се врати во Бразил. Поранешниот играч на Милан, Реал Мадрид и Манчестер Сити се надеваше дека на овој начин ќе се спаси од казната од девет години затвор со оглед на тоа што Бразил не испорачува свои државјани на други земји, меѓутоа Италијанците успеаа да го префрлат случајот на тлото на „кариоките“ кои преку судиските органи одлучија дека Робињо ќе може дома да ја отслужи казната.

Ѕвездата беше уапсена во Сантос и сега ќе плати за делото кое го направи пред повеќе од десет години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни