Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Робертсон жали за тоа што му го направи на Меси: Не знам што ми стана, не размислував јасно (ВИДЕО)

Објавено

на

Левиот бек на Ливерпул, Енди Робертсон призна дека жали за тоа што му го направи на Лионел Меси на минатогодишниот возвратен полуфинален меч против Барселона во Лигата на шампионите.

Неуморниот шкотски репрезентативец понесен од атмосферата на „Енфилд Роуд“ во еден момент го фати и повлече за коса, глава капитенот на каталонците на кого очекувано ова не му се допадна.

-Јас и Фабињо го пратевме (Меси) и двајцата завршивме на тревата. Малку го закачив за косата, тој не беше среќен, но тоа е нешто што не би го сторил повторно, тоа е сигурно. Едноставно е непочитување кон најдобриот играч што некогаш ја играл оваа игра.

-Тој натпревар беше, во соблекувалната, никогаш не сум видел таква соблекувална. Бевме запалени за натпреварот, за жал ова се случи премногу рано нели? Тој беше на тревата, јас бев на тревата. Не знам што ми стана! Да жалам, тоа е нешто по кое сега ме памтат, тоа не е добро. Ако размислував немаше тоа да го направам, јас јасно не размислував, -рече Робертсон.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни