Поврзете се со нас

Европски првенства

Робертсон по болниот пораз од Унгарија: Ќе ни треба долго време…

Објавено

на

Шкотска остана без гол во соочувањето со Унгарија, а длабоко во судиското продолжение и прими еден за пораз од 1-0 и крај на настапот на Европското првенство.

Островјаните се бореа, се обидуваа во свој стил да дојдат до позитивен резултат кој ќе им отвори вратите кон осминафиналето, но вчерашниот пораз значеше крај на нивниот престој во Германија.

-Нема што многу да се каже, да бидам искрен. Дадовме се од себе. Знаевме дека ни треба победа и не казнија на контра. Можеше да заврши поинаку, но таков е фудбалот – такви работи се случуваат. Ќе ни треба долго време ова за да го надминеме.

-Имавме посед на наша страна во првото полувреме, но не направивме ништо од тоа. Моравме да најдеме начин да нападнеме и да го пресечеме натпреварот, да бидеме поопасни. Одевме кон него, но не казнија. Реално, нерешено не би ни значело ништо. Вечерва и уште долго време ќе треба ова да го преболиме. Тешко е. Поразително. Сите момци се апсолутно уништени. Им благодарам на сите навивачи, извинете што ве изневеривме, -порача капотенот Енди Робертсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни