Поврзете се со нас

Италија

Роберто за потегот на неговиот брат: Лоренцо не е виновен за преселбата во Торонто

Објавено

на

Лоренцо Инсиње ги игра последните месеци во Европа, односно по крајот на оваа сезона си заминува од Наполи и продолжува во тимот од МЛС лигата Торонто.

Овој потег на Италијанецот беше големо изненадување за многумина со оглед на тоа што има 30 години и се уште е во топ форма и може да игра на највисоко ниво. Долго време Инсиње преку агентот ја оставаше вратата отворена пред се за Наполи да му даде договор што го заслужува, меѓутоа откако тоа не се случи беше направен трансфер кој од финансиска гледа точка ќе му донесе убава заработка на напаѓачот.

Свој коментар околу зделката даде братот на ѕвездата на Наполи, Роберто кој настапува за Беневенто. Според Роберто ваквиот потег едноставно бил изнуден, поточно не бил по вина на италијанскиот репрезентативец.

-Торонто е толку далеку. Таму е дури и многу студено. Лоренцо направи важен животен избор, не е лесно да се напушти Неапол, но не беше негова вина, -порача Роберто за „Скај Спорт Италија“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни