Поврзете се со нас

Шпанија

Роберто Карлос откри како го убедил Зидан да го направи фамозниот трансфер во Реал

Објавено

на

Foto:instagram.com/oficialrc3

Зинедин Зидан во 2001-ва година го направи фамозниот трансфер од Јувентус во Реал Мадрид кој тогаш беше најголем во историјата на фудаблот, па така како најскап играч на планетата Французинот стана дел од „Галактико“ тимот на Флорентино Перез.

Првиот човек на Реал издвои неверојатни 77 милиони евра во тоа време за да ја донесе главната ѕвезда на Јувентус, а добро познат е дека клучна работа за реализација на трансферот заврши и Роберто Карлос.

Левиот бек добро го познаваше Зизу од времето во Италија и ривалството кое го развија Бразил и Франција, па сега се наврати две децении во минатото и откри со кои зборови го мотивирал Зидан да му се приклучи во шпанската престолнина.

– Знаев дека Зидан загуби во две финалињата во Лигата на шампионите со Јувентус, па знаев добро што да му кажам кога му се јавив.

– Му реков дека ако сака да го освои тој трофеј, мора да заигра за најдобриот клуб во светот. Од Зизу секогаш ги добивав најдобрите совети, а не се плашеше и да ми се развика кога тоа беше потребно. Беше генијално да се игра и да се дели соблекувалната со него. Бидејќи сега е надвор од тренерската работа, често се гледам со него и често ме кани на вечери во различни ресторани, – открива Карлос во интервјуто за „Лекип“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни