Шпанија
Роберто Карлос испрати официјално соопштение откако се разведе од седмата сопруга (Фото)
Роберто Карлос пред извесно време стави крај на 15-годишниот брак со седмата сопруга во својот живот, а разделбата со Маријана Лукон која е мајка на две од неговите единаесет деца донесе и доста шпекулации во јавноста.
Прославениот бразилски дефанзивец имал бракоразводна парница која завршила пред извесно време, но дел од шпанските медиуми почнаа да пренесуваат дека тоа направило Роберто Карлос да остане без својот дом во Мадрид, поради што почнал да спие во тренинг центарот Валдебебас.
Оваа вест посебно доби значење во текот на вчерашниот ден и се појавија многу потсмевачки коментари во јавноста, поради што легендарниот лев бек сега реши да излезе со официјално соопштение за разјаснување на ситуацијата.
– Во текот на изминатите неколку дена станав свесен дека циркулираат лажни и штетни приказни кои нанесуваат штета за мене и за моето семејство, а чија цел е да се добијат што повеќе кликови.
– Јас останувам да живеам во својата приватна резиденција, поддржан од членовите на семејството. Мојот правен тим ги презема потребните информации и ќе активира соодветни мерки за они кои пишуваат лажни вести. Барам да се почитува приватноста за вакви лични прашања, а истовремено им благодарам на оние кои продолжуваат да ме поддржуваат и во овои моменти, – порача Карлос кој работи во Реал во маркетинг менаџментот.
— Roberto Carlos (@Oficial_RC3) January 8, 2025
-
Италија15 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Англија11 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Светски првенства18 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Светски првенства4 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Шпанија17 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија16 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија15 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација18 часа
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!