Поврзете се со нас

Франција

Роберт Пирес со совет до Мбапе: Ако сака да напредува мора да си оди од ПСЖ и да направи трансфер во…

Објавено

на

Поранешниот легендарен фудбалер на Арсенал и француски репрезентативец, Роберт Пирес даде свое видување за текот на кариерата на еден од најнадежните млади фудбалери, Килијан Мбапе.

Младиот француски офанзивец во моментов е дел од ПСЖ, но Роберт Пирес смета дека тој треба да си оди од клубот доколку сака да напредува во кариерата.

Актуелниот договор на Килијан Мбапе со ПСЖ истекува во 2022 година што значи дека веќе следното лето клубовите ќе може да си го дозволат по нешто поповолна цена.

Од таборот на Реал Мадрид се први фаворити за потписот на Мбапе кој е фан на овој клуб уште од мали нозе. Според Пирес, токму трансфер во Реал Мадрид би бил одличен за неговата кариера и неговиот напредок.

– Секако дека сакам да го видам во дресот на Реал Мадрид. Јас сум Французин и го сакам ПСЖ и би сакал тој да продолжи во Лига 1, но доколку тој сака да напредува во кариерата мора да потпише договор со Реал Мадрид,- изјави Пирес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни