Робен собори рекорд на легендарниот Елбер со голот на „Дер Класикер“

arjen-roben-329893289

Баерн Минхен славеше со 3:1 на гостувањето против големиот ривал Борусија Дортмунд, а Арјен Робен беше стрелец на првиот гол за Баварците.

За 33-годишното крило на Баерн тоа беше 93. гол во Бундеслигата, што е нов рекорд за странски играч во најтрофејниот клуб во Германија.

Холанѓанецот сега има еден од повеќе од претходниот рекордер, бразилската легенда на Баерн Џоване Елбер, кој освои четири титули во Бундеслигата со Баварците.

За Робен ова е трет гол сезонава во германскиот шампионат, а прв откако на тренерската клупа дојде Јуп Хајнкес.

Facebook Коментари