Поврзете се со нас

Свет

Робен се врати после осум месеци, беше избран за МВП, па се расплака додека даваше изјава (Видео)

Објавено

на

Арјен Робен се врати во стартната постава на Гронинген по пауза од осум месеци, а прославеното холандско крило тоа го направи во голем стил, односно со победа и две асистенции.

Легендарниот фудбалер на Баерн Минхен пред почетокот на минатата сезона одлучи да се врати од пензија за да заигра за својот матичен Гронинген, но веќе во првото коло против ПСВ заработи повреда поради која отсуствуваше долго време.

Откако доби симболична минутажа за да се врати во ритам на претходните два меча, Робен денеска за првпат беше стартер после осум месеци, а откако забележа две асистенции и беше избран за МВП во триумфот над Емен од 0:4, Арјен не можеше да ги сокрие солзите.

Робен се врати како стартер после осум месеци и изрежира две извонредни асистенции (Видео)

– Поминав долг пат за повторно да се вратам. Ова не е она што го сакав. Сакав да му помогнам на клубот и на тимот со играње фудбал. Пресреќен сум што тоа го направив барем денеска. Ова чувство ме прави многу среќен.

– Се надевав и очекував повеќе по моето враќање. Периодот зад мене беше тежок, но не се откажав и продолжив да се борам. Се надевав дека наградата конечно ќе дојде на крајот. Денеска се забавував како мало дете и бев важен за тимот, многу сум среќен, – изјави расплаканиот Робен кој се уште нема донесено одлука дали ќе игра фудбал и наредната сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни