Поврзете се со нас

Свет

Робен ја санираше повредата и пристигна на стадион со најскромно превозно средство (Видео)

Објавено

на

Арјен Робен ја санираше мускулната повреда која го одалечи од терените неколку недели, па откако се повреди во првото коло, вчера одново се врати на терените и беше дел од мечот на Гронинген.

Легендарното холандско крило влезе во игра во последните 20 минути, но не можеше да придонесе за промена на резултатот во средбата која заврши 0:0.

Гронинген на домашен терен го пречка Утрехт, а во недостаток на вистински возбудувања на теренот, легендариот Робен го сврте вниманието на себе со превозното средство со кое пристигна на стадионот.

Додека останатите фудбалери пристигнаа во подземниот паркинг со своите луксузни автомобили, Арјен покажа дека него доволен му е и велосипедот, превозно средство кое е убедливо најкористено во Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни