Поврзете се со нас

Свет

Робен е подготвен да и помогне на Холандија: Ако добијам повик…

Објавено

на

Арјен Робен оваа сезона одлучи да се врати од пензија и да му помогне на Гронинген, но долго време беше повреден и недостапен, меѓутоа кога е фит и подготвен тој е класа и потврда за тоа е денешната партија против Емен во која беше двоен асистент во триумфот на неговиот клуб од 4-0.

Тој беше прогласен за играч на средбата, потоа не можеше да ги сокрие солзите, а оваа прилика воедно ја искорсти за да порача дека е спремен да игра и за Холандија на ЕП ако од него тоа го побара селекторот Франк Де Бур.

-Секако дека би прифатил. Ама мора да бидиме реални, да бидам фит, знаете да можам да му помогнам на тимот. Имено, Холандија е чекор напред. Да бидам на ЕП тоа е некаде во моите најлуди соништа, но мора да бидете многу внимателни затоа што веќе ги гледам утрешните наслови.

-Во моментов не велам дека сакам да одам, но ако тој [Де Бур] ми се јави, јас би рекол „ДА“, -рече Робен.

Де Бур финалниот список за ЕП ќе го објави на крајот на месецот. Да потсетиме „лалињата“ се еден од противниците на Македонија во групната фаза заедно со Украина и Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни