Поврзете се со нас

Македонија

Рниќ и Радјен нови имиња во таборот на Борец

Објавено

на

Екипата на Борец официјално потврди уште две нови засилувања за новата сезона, а тоа се Милош Рниќ и Данило Радјен.

Рниќ е 28-годишен голман кој доаѓа од Србија. Негов последен клуб е Нови Пазар, а во таборот на велешани се надеваат дека тој со своето искуство и квалитет ќе донесе стабилност меѓу стативите.

Радјен пак игра во дефанзивата, играч кој преку Телеоптик и Бачка оствари трансфер во Борец.

Претходно македонскиот прволигаш ги доведе Алекс Талески и аргентинскиот интернационалец Гонзало Иван Зарате.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни