Поврзете се со нас

Македонија

РК Вардар најави кога ќе започнат подготовките за новата сезона и како истите ќе течат

Објавено

на

Како што информираат од таборото на „црвено-црните“ подготовките за новата сезона ракометарите на Вардар ќе ги почнат на 17 јули во Скопје, за кога е закажан и првиот собир на тимот.

Според планот на стручниот штаб десет дена ќе се работи во салата во СЦ „Јане Сандански“. Потоа се заминува на планина, во Маврово каде ќе се одвива вториот дел од подготовките.

Подготовките во Маврово ќе бидат одработени во периодот од 26 јули до 3 август, по што екипата се враќа во Скопје.

Досега е сигурно дека екипата ќе учествува на два турнири, во Струга од 14 до 17 август, и во Охрид од 20 до 24 август.Во меѓувреме се очекува ждрепката во Лига Европа, и противниците во натпреварите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни