Поврзете се со нас

Македонија

РК Охрид го задржува ростерот, ги продолжи договорите со тројца интернационалци

Објавено

на

Ракометниот клуб Охрид полека се подготвува за новата сезона во која веројатно ќе излезе и на европска сцена.

Охриѓани пред неколку дена потврдија дека на клупата и следната сезона ќе остане Раде Стојановиќ, а денес стигна информација дека е продолжен договорот со тројцата интернационалци кои играа клучна улога оваа сезона.

Покрај Охридското езеро уште една година ќе останат голманот Јагош Брауновиќ, средниот бек Филип Кривокапиќ како и десниот бек Денис Тот.

Од клубот засега си замина само младиот пивотмен Кристијан Анастасовски кој кариерата ќе ја продолжи во француски Анже.

Од таборот на охридскиот клуб најавуваат дека работат на задржување на костурот на тимот кој оваа сезона се покажа одлично и заврши на втората позиција во Суперлигата, со еден бод помалку од првопласираниот Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни