Поврзете се со нас

Македонија

РК Аеродром исфрлен од Суперлигата, Еурофарм Пелистер заработи парична казна

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Екипата на РК Аеродром нема повеќе да се натпреварува во најсилниот домашен ракометен шампионат, одлучи Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Аеродром во овој втор дел од првенството требаше да игра во плеј-аутот од Суперлигата, меѓутоа клубот не ја завршил обврската за трансформација на спортскиот субјект од „здружение на граѓани“ во „акционерско друштво“, па токму поради ова тука завршува неговата приказна, поточно сите негови противници ќе добие службена победа од 10-0.

-Согласно доставената информација и известување од страна на Комисијата за лиценцирање при Ракометна Федерација на Македонија, во врска со постапката за финализирање на административните формалности за процесот на трансформација на Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром во трговско односно акционерско друштво, на состанокот одржан на ден 12.02.2024 година се констатираше дека Здружението на граѓани Ракометен Клуб Аеродром ја нема исполнето законската обврска за трансформација на спортскиот субјект од здружение во трговско односно акционерско друштво согласно Законот за спорт член 6-а и член 9-а.

-Во однос на неисполнувањето на законските одредби од Законот за Спорт а по претходно утврдено од страна на органи и тела на РФМ , Натпреварувачката комисија испрати известување до Здружението на граѓани РК Аеродром дека нема право да го продолжи натпреварувањето во систем на натпревари во натпреварувачка сезона 2023/2024 година на Ракометна Федерација на Македонија, а сите останати натпревари предвидени во натпреварувачкиот календар ќе бидат регистрирани со 10:0 (-1 бод) во корист на противничката екипа“, стои во билтенот на РФМ

Казна пак од 60.000 денари заработи и актуелниот првак Еурофарм Пелистер и тоа поради непочитување на членот 106 од Дисциплинскиот Правилник на РФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни