Ризичниот потег донесе резултат: Спаси сигурен гол со рака и доби исклучување, но донесе победа (Видео)

hurakan-rozario

Мечот од 15. рунда во аргентинскиот шампионат меѓу Хуракан и Розарио донесе многу возбудувања, пет погодоци и триумф на гостите од 3-2.

Меѓутоа оваа средба донесе и еден необичен момент кој ретко се случува на терените, потег кој е неспортски, ама понекогаш дава резултат. Имено фудбалерот на Розарио, Мартинез во 72 минута доби заслужен црвен картон, откако одлучи да игра со рака и да спречи сигурен гол со оглед на тоа што топката одеше директно во мрежата.

Ризикот на Мартинез се иплатеше и домаќините го промашија пеналот кој требаше да донесе изедначување (2-2) за да во самиот финиш мрежите се тресат на двете страни и гостите дојдат до драматичен триумф.

Facebook Коментари