Поврзете се со нас

НБА

Ривс за новиот тренер на Лејкерс: Тој е кошаркарски генијалец…

Објавено

на

foto:twitter.com/NBAFRANCE

Лос Анџелес Лејкерс имаше уште една тешка сезона во која со доста мака беше обезбедено место во плејофот каде во првата рунда беа елиминирани од Денвер Нагетс со 4-1.

Овој резултат донесе отказ за тренерот Дарвин Хем и потрага по нов стручњак која заврши со неочекувано решение, најзначување на стратег без никакво искуство-тоа е Џеј Џеј Редик.

(Не)очекувано решение: Лејкерс ангажираше стратег кој нема водено ниту еден клуб

Редик беше дел од НБА лигата 15 години, а по завршувањето на играчката кариерата имаше ангажмани како аналитичар, беше активен во многу подкасти, а во едно од нив соработуваше со Леброн Џејмс.

Лејкерс реши да ризикува со него и останува да се види дали тој ризик ќе се исплати, дали Редик ќе може да ги испорача резултатите кои се очекуваат од организација како што е клубот од Калифорнија.

Околу потегот на клубот свој коментар имаше Остин Ривс кој гледа позитивно на промената.

-Малку го знам Џеј Џеј, бев на неговиот поткаст во текот на годината. Тој е кошаркарски генијалец, мислам тоа сите го знаат.

-Тој ќе стане одличен тренер. Едвај чекам да почнам да работам со него. Тој всушност ми испрати порака вчера и сакаше да се јави. Едвај чекам да го склопиме мозокот и да имаме добра година, -порача Остин.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни