НБА
Ривс и Џејмс го решија Голден Стејт, Феникс му се реваншираше на Денвер, Филаделија го освои „Ти-Ди Гарден“ (ВИДЕО)
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс издвојуваа победа над Голден Стејт Вориорс од 115:113 во најнеизвесниот меч од божиќната програма во НБА лигата.
Беше неизвесно до самиот крај на средбата во Сан Франциско на која Кари со тројка на осум секунди до крајот го израмни резултатот (113:113), но гостите во последниот напад успеаа да реализираат преку расположениот Ривс за славје број 17 во сезоната.
Ривс имаше трипл-дабл од 26 поени, 10 скока и исто толку асистенции, а одличен беше и ветеранот Џејмс со 31 пое и 10 скока. Лошата вест за „езерџиите“ од овој меч е повредата на Дејвис кој мина на паркетот само 7 минути.
Кари кај поразените имаше 38 поени.
Феникс Санс пак му се реваншираше на Денвер Нагетс за поразот од пред некој ден и триумфираше во својот дом со 110-100. Дурент и Бил испорачаа по 27 поени, Џонс додаде 17, додека Јокиќ стандардно беше број еден кај Нагетс со 25 поени и 15 скокови.
Во дербито на Истокот, Филаделфија Севентисиксерс направи изненадување и го освои „Ти-Ди Гарден“, поточно арената на Бостон Селтикс. Филаделфија беше подобра со 118:114 против актуелниот шампион во средба во која Макси и Ембид искомбинираа 60 поени.
Тејтум имаше двоен ефект за домаќините од 31 кошеви и 15 скокови.
РЕЗУЛТАТИ:
Њујорк никс – Сан Антонио спарс 117:114
Далас маверикс – Минесота тимбервулвс 99:105
Бостон селтикс – Филаделфија севентисиксерс 114:118
Голден стејт вориорс – Лос Анџелес лејкерс 113:115
Финикс санс – Денвер нагетс 110:100
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Шпанија20 часа
Пресврт: Јувентус останува без планираното засилување од Барселона