Поврзете се со нас

НБА

Риверс искрен откако ќе биде Ол-стар тренер по само три меча со Милвоки: Ова е навистина лошо правило

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/Bucks

Победата на Милвоки на гостувањето кај Далас е прва за Док Риверс откако го презема тимот на Бакс, но и покрај тоа, се покажа како доволна за тој да го предводи тимот на Истокот на претстојниот НБА Ол-стар викенд.

Риверс има една победа и два пораза на клупата на Милвоки, но според правилата на НБА ќе биде легитимен заменик на Адријан Грифин, кој беше отпуштен со скор 30-13 во лигата.

Искусниот Риверс и самиот не е најсреќен поради ваквите околности, па ветил дека ќе му ги испрати прстенот и бонусот на својот претходник.

– Ова е навистина лошо. Ако ништо друго, Адријан ќе си заработи одредена сума, како и прстен. Мислам дека мора да има некакво правило според кое оваа позиција би ја добил некој друг, а не јас, – рекол Риверс по триумфот над Далас.

Тренерот на Милвоки доби ваква можност затоа што Бакс ќе бидат број два на Истокот по денешниот ден, а тренерот на првопласиранот Бостон, Џо Мазула, не може да биде предводник на конференцијата поради тоа што ја имаше таа улога минатата година.

За Риверс ова ќе биде четврто појавување на Ол-стар натпреварот, откако беше тренер на еден од тимовите и во 2008, 2011 и 2021 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни