Ривера преговара со Нант, Барселона најде замена од Бундеслигата

Valero-Rivera

Прерано завршената сезона во Лигата на шампионите ќе го забрза процесот на реновирање на тимот на Барселона, а промени се очекуваат и ова лето кога од екипата ќе заминат неколку ракометари.

Покрај Виран Морос (ПСЖ) и Борко Ристовски (Бенфика), веројатно каталонскиот клуб ќе го напушти и репрезентативното крило Валеро Ривера кој преговара со Нант за враќање во тимот каде настапуваше меѓу 2010 и 2016 година и каде би му бил соиграч на нашиот Кире Лазаров.

„Мундо Депортиво“ тврди дека Барса веќе нашла замена за Ривера во данскиот репрезентативец Каспер Мортенсен кој ќе го напушти Хановер и Бундеслигата за да пристигне во редовите на шпанскиот првак. Покрај Мортенсен, Барселона ќе биде засилена и од Лудовик Фабрегас, Кевин Мелер и Тиагус Петрус.

Facebook Коментари