Поврзете се со нас

АТП

Ривалот испорача четири ас сервиси во низа, Кирјос имаше оригинална реакција (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Ник Кирјос го направи својот кам-бек на теренот вчера во мечот во двојки со Новак Ѓоковиќ, но рано утрово го одигра и својот прв сингл меч по долгата пауза.

Австралискиот тенисер доби огромна поддршка во Бризбејн и тоа го натера да игра на навистина високо ниво, но неповолна вест за него беше тоа што денеска наиде на цврст орев и неверојатно расположен сервер.

Дуелот на „бомбардерите“ му припадна на помладиот Мпетши Перикар, и тоа по дури три одиграни тајбрејка во трите сета.

Младиот Французин имаше повеќе нерви и доби два од трите одиграни тајбрејка, па на тој начин успеа да се го разочара домашниот миленик.

Главно оружје на двајцата тенисери беше сервис играта, па така Перикар денеска испорача дури 36 аса, додека Кирјос запиша 15.

Интересно, Перикар еден гејм во одлучувачкиот трет сет го доби со четири ас сервиси во низа, по што доби и подигнат палец од својот ривал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни