Поврзете се со нас

Формула 1

Ривалите „го снимија“ новиот Мерцедес во Бахреин

Објавено

на

Иако многу порано го лансираа болидот, од екипата Мерцедцес умешно ги сокрија деталите на задниот дел од болидот, прикажувајќи го од поинакви агли.

Со почетокот на тестирањата утрово во Бахреин, и оваа тајна конечно излезе на виделина, а техничкиот директор Џејмс Елисон претходно објасни дека тимот сакал „да си купи време“.

Се очекува дека сите тимови ќе загубат околу 10% од придобивките на аеродинамиката поради ревидираните правила за подот на болидоте во 2021 година, поради што инженерите ќе започнат да тестираат други решенија во воздушните тунели.

– Таа секција е најпогодена од новите правила. Тие се обидоа да ни одземат перформанси од болидот, а сега таму има едно чудо аеродинамички детали кои не сме подготвени да ги покажеме на светот. Не бидејќи тие не се таму, туку бидејќи ние не сакаме нашите конкуренти да ги видат. Не сакаме да почнат да тестираат слични работи во нивните воздушни тунели. Тоа ни носи неколку дополнителни седмици,- рече Елисон.

На повеќе сајтови се појавија фотографии од оваа секција на Мерцедес со објаснување како сакале да го поттикнат струењето на воздухот во овој дел од болидот, но дури на првите трки ќе се види колку успеале во тоа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни