Ривалдо за можноста Меси да потпише за Сити или Јувентус: Него го гледам како…

mesi-jeda

Бразилската фудбалска легенда, Ривалдо даде коментар за последните случувања во Барселона и информациите дека Лионел Меси може да си замине од овој клуб по крајот на сезоната.

На каталонците не им оди најдобро во тековната кампања, го сменија тренерот, беа елиминирани од Купот на Шпанија, а имаше и одредени внатрешни проблеми кои излегоа во јавноста, препирки меѓу техничкиот секретар Ерик Абидал и капитенот Меси со што дополнително се вжести атмосферата на „Камп Ноу“.

Поради ова во медиумите излегоа многу вести, гласини, ама славниот Ривалдо не верува оти Меси ќе си замине од сегашната средина.

-Не ги купувам шпекулациите за потенцијалниот трансфер на Лионел Меси од Барселона на крајот на сезоната. Искрено, мислам дека тој ќе ја заврши кариерата на „Камп Ноу“. Тој е еден од нас од неговата 14. година. Тој има голема љубов кон клубот и клубот кон него, па не мислам дека би имал корист од заминувањето. Го гледам како играч во еден клуб, како Франческо Тоти во Рома или Рожерио Сени во Сао Паоло. Тешко е да се замисли идејата да се гледа Меси како игра против Барса во Лигата на шампионите, па дури тој во иднина да си замине го замислувам надвор од Европа во Кина или МЛС во трансфер мотивиран повеќе од финансиски отколку спортски причини. Нема дадено гол на три натпревари и многу коментатори велат дека причината за тоа е проблем во клубот. Ама јас не гледам на тој начин и верувам наскоро ќе видиме како пак дава голови. Тимот се врати на победнички начини, како што видовме минатиот викенд кога го совладаа Реал Бетис со 3: 2. Меси им обезбеди на своите соиграчи две асистенции и тоа е важно затоа што тој игра централна улога во нападот на Барса, а неговите додавачки вештини се клучни за создавање добри шанси. Неговата класа е неспорна, така што не гледам причини за загриженост, -истакнува Ривалдо кој за можноста Лео да се пресели во Манчестер Сити или Јувентус вели:

-Манчестер Сити е меѓу клубовите кои се поврзуваат со Меси. Аргентинскиот напаѓач би можел да игра во кој било клуб во светот, но како што неодама изјави Пеп Гвардиола, Меси треба да продолжи во Барселона. Други шпекулации го споменуваат Јувентус како уште еден можен клуб за Меси и таму може да формира прекрасно партнерство со Кристијано Роналдо. Се чини тоа е малку веројатно. уште еден можен клуб за Меси и таму може да формира прекрасно партнерство со Кристијано Роналдо. Се чини дека е малку веројатно, -заврши Бразилецот.

Facebook Коментари