Поврзете се со нас

Свет

Ривалдо за чудните пресметки со Роберто Карлос: Еден ден ме прегрнуваше, а потоа……

Објавено

на

Foto:instagram.com/rivaldo

Ривалдо имаше привилегија да биде дел од златната генерација на Бразил во која гледавме големи имиња како Дида, Роберто Карлос, Кафу, Роналдо и Роналдињо, а поранешната ѕвезда на БАрселона дел од нив ги имаше соиграчите и за свои ривали на клупски план.

Како главен играч на Барселона, Ривалдо знаше да води жестоки битки со свои сонародници, но како што вели самиот, најинтересни му биле оние на „Ел Класико“ против Роберто Карлос.

Ривалдо потенцира дека дуелите кои ги имал со левиот бек биле навистина чудни за него, бидејќи во еден момент бил во прегратка на својот пријател, за потоа да добива жестоки удари и да биде жртва на бескомпромисни стартови.

– Роберто Карлос отсекогаш ми бил пријател и се уште ми е пријател. Но, дуелите со него беа навистина чудни. Еден ден ме прегрнуваше, а потоа следниот ден ми влегуваше остро со старт на натпреварите меѓу Барса и Реал.

– Му велев дека нема место за шега на теренот, а тоа буквално беше така. Тие денови беа многу забавни за двајцата, а таквите работи се дел од фудбалот. Секој ги бранеше своите интереси и својот клуб на теренот. Јас ја бранев Барселона, а тој Реал Мадрид. Како дефанзивец, мораше да биде остар кон мене, тој беше еден од оние играчи кои беспоштедно влегуваа во дуели, – се потсетува Ривалдо.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни