Поврзете се со нас

Англија

Ривалдо советува двајца играчи да си заминат од Јунајтед: Не се виновни за лошите резултати…

Објавено

на

foto:twitter.com/RIVALDOOFICIAL

Манчестер Јунајтед веќе некое време е далеку од своето реноме, статус на еден од најголемите англиски и светски клубови без разлика на тоа што се уште се вложуваат сериозни финансиски средства во клубот кога е во прашање ангажманот на играчи.

Меѓутоа кога работите не одат секогаш се бараат виновници, се покажува со прст, а најмногу критики дефинитивно трпат играчите. По крајот на актуелнава сезона ќе видиме што ќе се случува на „Олд Трафорд“ каде според најавите би требало да има бурно лето, сериозна чистка.

Ама додека се чекаат одредени вести на темата легендарниот Витор Борба Фереира Ривалдо испрати совет до двајцата сонародници, Касемиро и Антони кои навистина знаат да бидат жестоко критикувани на островот.

-Сè уште велам дека крилото на Манчестер Јунајтед, Антони е одличен играч. Тој веќе играше на Светско првенство за Бразил и се уште е млад со многу фудбал за играње. Тој моментално е во клуб кој веќе некое време минува низ тешки времиња, па според мене заминувањето од Англија може да биде добро за него.

-Заминувањето во клуб во Шпанија, Германија или Италија може да биде фундаментално за неговиот напредок. Со своите вештини и фудбалот што може да го игра, мислам дека одлично би се вклопил во кој било голем тим во Шпанија, на пример. Би можело да биде добро за него да замине во клуб каде што ќе може да се врати на играње редовно и да има за цел да се врати во бразилската селекција. Кој знае, можеби во 2026 година ќе може да игра на уште едно Светско првенство, -рече Ривалдо кој потоа говореше и за Касемиро.

-Како што споменавме, Манчестер Јунајтед не е клубот каков што беше некогаш. Клубот минува низ тешкотии, а неправедно е што Касемиро е критикуван поради тоа. Останува на клубот да состави силен тим, а потоа зависи од сите играчи кои ќе се претстават за да можат да се натпреваруваат за титули. Слушнав гласини дека би можел да замине во Саудиска Арабија, но ако сака да игра на Светско првенство, мора да се врати во Шпанија или да се пресели во Италија и да се натпреварува на највисоко ниво бидејќи сè уште ги има потребните вештини за тоа, -порачува легендарниот ас за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни