Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо со трансфер предлог до Лапорта и Флик: Тој би бил идеален за Барса

Објавено

на

Foto:instagram.com/rivaldo

Бразилецот Ривалдо често си дава за право да ги коментира најзначајните случувања во клубот, а како играч кој одбележа неколку незаборавни години на „Камп Ноу“, знае да подели и некој трансфер совет.

Незаборавниот Бразилец смета дека Барселона треба да изоди добар пат пред да дојде до славните години како пред десетина години, но сигурен е дека ќе дојде до такво нешто со млади играчи како Ламин Јамал.

Во најновото обраќање за „Бетфер“ каде работи како амбасадор, Ривалдо не штеди комплименти за Јамал, но и за Нико Вилијамс кој смета дека би бил идиеално засилување за Барса и новиот тренер Ханси Флик.

– Нико Вилијамс би бил идеално засилување за Барселона. Барса не треба да ја испушти шансата, треба да ги анализира неговите настапи на Европското првенство. Ако не успее сега, во иднина ќе има многу поголема конкуренција за Нико. Сметам дека би бил големо засилување за Барселона со оглед на партиите кои ги понуди за Атлетик и Шпанија.

– Од друга страна, Барселона веќе има едно убиствено крило. Можам само да му честитам на Јамал. Начинот на кој игра со самодоверба е неверојатен. Тешко е да најдете играч како него во денешниот фудбал. Игра со насмевка на лицето, се забавува и се прави неверојатно мирно. Сигурен сум дека има голема иднина како играч на Барса и шпанската фудбалска репрезентација, – изјави додава Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни