Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо со совет до Винисиус Жуниор: Заборави на „Златната топка“…

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Винисиус Жуниор долго време важеше за прв фаворит за „Златната топка“ и поголемиот дел од јавноста очекуваше да ја добие оваа награда на свечената церемонија во Париз, но се случи друго сценарио и на крајот Родриго Ернандес Касканте или попознат како Родри го доби ова признание.

На Бразилецот сигурно не му е лесно да го прифати тоа што се случи, свесен за тоа е и легендарниот Ривалдо кој има јасен и прецизен совет за сонародникот кој може само да и помогне на ѕвездата на Реал Мадрид.

-Винисиус мора да ја извади од глава оваа приказна за Златната топка, да почне повторно да игра и да почне да игра добро за Реал Мадрид кој мора да победува по два последователни порази. Винисиус е млад, има години и фудбал да го сврти сето ова. Еден ден ќе ја освои Златната топка. Тој може да биде најдобар во светот еднаш или повеќе пати.

-Дали сите новинари кои гласаат навистина разбираат фудбал? Дали сите тие, апсолутно сите, се навистина квалификувани луѓе? Не можам да го потценам Родри. Тој е играч што ми се допаѓа. За мене беше втор фаворит. И да, иако мислам дека Винисиус ја заслужи повеќе Златната топка, не можам да одземам никаква заслуга од наградата, бидејќи навистина му се восхитувам на Родри. Неговиот начин на игра и неговиот стил. Ми се допаѓа, -порачал Ривалдо за „Мундо Депортиво“.

Трката за „Златната топка“ била многу тесна: Откриено за колку гласови Родри го победил Винисиус Жуниор

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни