Шпанија
Ривалдо со коментар за можниот трансфер на Пјаниќ во Барселона: Од Барселона мора да размислуваатсамо…
Легендарниот бразилски фудбалер кој остави голем впечаток играјќи во дресот на Барселона, Ривалдо, имаше свој коментар за можноста Миралем Пјаниќ да се пресели на „Камп Ноу“.
Јувентус е подготвен да го пушти Пјаниќ да си оди, а за возврат го бара Артур кој пак нагласи дека не сака да си замине од редовите на Барселона.
Според Ривалдо, клубот во моментов треба да се насочи кон сезоната која треба да продолжи, а не кон тоа да се ангажираат нови играчи со кои дополнително би се создала„гужва“ во соблекувалната.
– Има шпекулации дека Барселона би можела да е заинтересирана за Пјаниќ. Иако станува збор за добар играч, мислам дека клубот треба да се сконцентрира на сегашноста и тоа што треба да го одработи во Ла Лига оваа сезона.
– Ќе дојде време да се размислува и за трансферите, посебно затоа што некои играчи мора да заминат за да се отвори место. Нема смисла да се пренатрупува соблекувалната, а потоа некои играчи да не добиваат никаква шанса.
– Слушнав дека Јувентус е заинтересиран за размена со Пјаниќ и Артур, и мислам дека Артур би бил идеално засилување за нив затоа што е играч од светска класа. Но, јас лично мислам дека најдобро за него е да остане во Барселона. Млад е, неодамна дојде и допрва требад а го покаже својот потенцијал, -изјави Ривалдо.
-
Балканпред 23 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шахпред 9 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 13 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Македонијапред 8 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..
-
Шпанијапред 15 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Светпред 12 часа
Невил ги избра трите најважни летни трансфери и го посочи својот фаворит за титулата во ЛШ