Поврзете се со нас

Франција

Ривалдо: ПСЖ е одлична дестинација за Меси

Објавено

на

Некогашната супер ѕвезда на Барселона, Ривалдо смета дека Пари Сен Жермен би била идеална дестинација за Лионел Меси.

Аргентинецот е под договор со каталонците со крајот на сезонава и останува неивзесно дали ќе остане на „Камп Ноу“ или пак ќе се реши за нов предвизвик во кариерата. Една од опциите која се споменува е да заврши во Пари Сен Жермен, клуб кој не крие дека внимателно ја прати ситуацијата со капитенот на шпанскиот вицешампион.

-ПСЖ е добра опција за него, особено сега затоа што клубот има аргентински менаџер во Маурисио Покетино. Меси исто така би се обединил со неговиот пријател Нејмар, па затоа има неколку причини да му каже „да“ на клубот ако пристигне понуда.

-Во Лига 1 тој треба да блесне без проблеми бидејќи е послаба лига од Примера и Премиер лигата, а исто така ќе му овозможи да управува со својата кондициска подготвеност во текот на целата сезона за големите натпревари во Лигата на шампионите.

-Финансиски, малку клубови можат да му платат подобро од ПСЖ. Значи мислам дека тоа ќе биде одлична опција за Меси. Францускиот фудбал исто така би имал голема корист од неговото присуство во однос на медиумите и спонзорството, -вели Ривалдо во колумната за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни