Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо: Оправдувањето на Сетиен е смешно, тоа е некарактеристично за клуб како Барселона!

Објавено

на

На стартот на првите посериозни подготовки за рестартот на сезоната, Кике Сетиен нагласи дека новото правило кое го донесе Ла Лига ќе и штети на Барселона, од едноставна причина што смета дека противниците ќе добијат свежина во завршницата со поголемиот број на замени.

Со цел да се заштитат фудаблериоте од акумулиран замор и од посериозни повреди по долгата пауза, Ла Лига одлучи дека тимовите ќе имаат простор за пет измени во тек на еден натпревар, правило за кое јавно го крена гласот само предводникот на каталонскиот гигант.

Сетиен го окарактеризира тоа како проблем поради фактот што Барселона голем дел од натпреварите во сезоната ги решаваше во самата завршница, став со кој успеа да го налути легендарниот Ривалдо кој доста нападно му одговори на тренерот од Кантабрија.

– Тоа се накаратеристични оправдувања од Барселона. Тоа што го кажа Сетиен нема никаква смисла. Да барате оправдување во таква ситуација е смешно, непотребно е да кажете дека ривалот има предност со две замени повеќе, исто колку што добивате и вие.

– Тимови како Барселона или Реал Мадрид се многу посилни од другите и можат лесно да ги добиваат најголем дел од натпреварите и во првите 45 минути. Имаат несомнено многу поголем талент од другите. Барселона треба да размислува да ги добива натпреварите уште на стартот, а не да чекаат до крајот да се измори противникот, – нагласи Ривалдо за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни