Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо најави сензационален развој на настаните со Меси: Многумина сонуваат тој да игра заедно со…

Објавено

на

Легендата на фудбалот, Ривалдо, даде свој коментар за целата ситуација поврзана со Лионел Меси.

Во текот на вчерашниот ден медиумите излегоа со информација дека Меси ги прекинал преговорите за нов договор со Барселона и бил подготвен да си оди од клубот по крајот на сезоната.

Веќе се појавија заинтересирани екипи, а аргентинските медиуми пренесоа дека Манчестер Сити веќе се вклучил во трката за ангажман на Меси.

Сепак, Ривалдо посочи дека лесно може да се случи Лионел Меси да заврши во Јувентус затоа што многумина сонуваат да се создаде феноменален пар помеѓу Аргентинецот и Роналдо.

– По овие шпекулации верувам дека многу од агентите сонуваат за тандем меѓу Меси и Роналдо во Јувентус. Тоа би било огромно за целиот фудбалски универзум.

– Доколку тоа се случи ќе биде вистински бум и верувам дека Јувентус брзо ќе ги покрие финансиските загуби доколку го купат Аргентинецот.

– Ќе биде историски да се види двајцата да играат заедно и сигурен сум дека многу од спонзорите на Јувентус ќе го помогнат тоа финансиски.

-Доколку има шпекулации за неговото заминување, тогаш дека секако ќе има клубови кои ќе се заинтересирани и кои може да си го дозволат. Доколку двајца од најдобрите фудбалери во последните 10 години играат заедно ќе биде огромно, -изјави Ривалдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни