Свет
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)

Нејмар полека се наоѓа во фаза од кариерата во која треба да размислува за завршното сценарио на клупски план, па пред да донесе одлука, во последно време е доста актуелен со интервјуата кои ги прави за светските медиуми.
Бразилецот во последното интервју доби една тешка и неблагодарна задача да извади еден играч од нападот од историскиот тим на Бразил кој го освои златниот медал на Светското првенство во 2002-ра година, при што Нејмар посочи дека во своите најдобри денови, тој би можел да игра на местото на Ривалдо.
Овој став на Неј брзо беше раширан од страна на сите бразилски медиуми, па тоа го натера легендарниот Ривалдо да се јави со одговор на социјалните мрежи.
– Слушнав дека Нејмар рекол дека може да игра на мое место на мундијалот во 2002-ра година. Да бидам искрен, го препознавам неговиот фудбалски талент и квалитет, дури сметам дека може и да биде дел од шампионскиот тим, но да игра на мое место, тоа не.
– Со цела почит и наклонетост која ја имам кон него, 100 проценти сум уверен дека тоа не можеше да се случи. Во тој момент бев толку концентриран, убеден и гладен да ја освојам светската титула, што никој не можеше да ми го одземе местото, дури и некој кој беше во врвот од кариерата. Го кажувам ова со многу љубов и почит, но и со самодоверба од некој кој го доживеа тој момент и кој знае колку беше тешко да се стане светски шампион, – порача Ривалдо, по што брзо доби одговор од Нејмар на својата објава.
– Смирено пријателе…… Сите играчи кои играат за Бразил се натпреваруваа и беа посветени 100 проценти…. Одредени ја остварија целта, други за жал не, но и тоа е дел од фудбалот. Секогаш сум те почитувал и никогаш нема да ти одземам ништо….. Направив само избор од тројцата и сигурно не можев да ги извадам од тимот Роналдо и Роналдињо……, – гласи одговорот на Нејмар.
-
НБА13 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Италија23 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Свет11 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија9 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Англија22 часа
Ловрен за ситуацијата на Салах во Ливерпул: Знам многу работи…
-
Франција9 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА8 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Балкан12 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија