Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ривалдо: Меси може повеќе да не биде во Барселона, останатите играчи…

Објавено

на

Легендарниот Бразилец, Ривалдо доста често ги коментира актуелните случувања во светот на фудбалот, особено оние во Барселона, во клубот каде ги мина најубавите, најдобрите години од неговата кариера.

Ривалдо даде коментар за победата на каталонците во ЛШ, триумф над Динамо Киев од 4-0, триумф остварен без првата ѕвезда Лионел Меси кој доби одмор од тренерот Роналд Куман. За славниот ас е добро што Барса славела во оваа пресметка која според него може да биде проба да некои следни натпревари, но и за блиска иднина со оглед на тоа што клубот може да остане без Меси кој е во последната година од договорот.

-Барселона дојде до добра победа на гости во Лигата на шампионите во Украина со солиден учинок и покрај отсуството на Лионел Меси и тоа е добра вест за групата. Тимот овојпат одигра подобар натпревар против Динамо Киев отколку на „Камп Ноу“, па тоа беше резултат и настап позитивен од две причини: Меси успеа да се одмори по меѓународните обврски и другите играчи како Антоан Гризман или Мартин Брајтвајт имаа шанса да истапат и се покажат.

-Во останатиот дел од сезоната – и веројатно следната сезона – Меси можеби нема да биде и другите играчи ќе треба да се појават, па затоа е добро за тимот да започне да се навикнува на тоа и во исто време да добие одредена самодоверба без нивта главна ѕвезда на теренот.

-Секако дека знам дека Куман го изостави Меси од тимот за да го одмори затоа што не беше одлучувачки меч и Барса скори и да се квалификуваше. Ако бев тренер на Барселона, ќе сакав цело време да го имам Меси на теренот, -вели Ривалдо за „Бетфер“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни