Ривалдо: Кутињо веќе немаше трпение за ситуацијата со Меси

cou-mafta

Легендарниот Ривалдо редовно дава свои кратки анализи за сите поважни случувања во Барселона, а секако последна бомбастична вест беше заминувањето на Фелипе Кутињо кој после една и пол година на „Камп Ноу“, одлучи да си пронајде нов предизвик во кариерата.

Офанзивниот фудбалер направи трансфер во Баерн Минхен каде се очекува да има круцијална улога во тимот на Нико Ковач, потег со кој самиот реши да ја остави зад себе лошата епизода во Барселона каде не успеа да се наметне во ниту еден момент. Кутињо сигурно ќе има огромна желба за докажување во Баерн оваа сезона, а правејќи анализа за овој трансфер, Ривалдо дојде до еден искрен и помалку неочекуван заклучок.

– Отсекогаш сметав дека Кутињо има квалитет за да успее во Барселона, но работите одземаа премногу време и очигледно двете страни беа сложни за трансфер. Малку сум разочаран што не успеа да си обезбеди регуларно место во првиот тим, а бидејќи немаше самодоверба во таква атмосфера, одлучи да замине во друг голем клуб во кој се надевам дека ќе го прикаже својот најдобар фудбал, оној кој го гледавме во Ливерпул. Никогаш не е лесно да најдете место во тимот каде Лионел Меси константно ги добива сите пофалби и ги презема сите одговорности. Најверојатно Кутињо веќе немаше трпение за оваа ситуација со Меси, – изјави Ривалдо за „Бетфер“.

 

Facebook Коментари