Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо ја знае формулата за трансфер на Нејмар во Барселона

Објавено

на

Бразилската фудбалска легенда, Ривалдо даде свој предлог за тоа како Барселона може да го врати Нејмар на „Камп Ноу“.

Нејмар е една од желбите на каталонците, меѓутоа ПСЖ има високи барања и навистина е тешко за шпанскиот шампион истите ги исполни, но според Ривалдо може да се дојде до формула, ама неговиот поранешен клуб ќе мора да се откаже од Усман Дембеле.

-Постојат гласини кои сугерираат дека ПСЖ можеби е заинтересиран за Дембеле и иако мислам дека Дембеле е одличен играч, верувам дека ова би можело да биде добра можност за Барселона конечно да го врати Нејмар.

-Секако Барселона ќе треба да плати дополнителни пари за да се затвори договорот, но мислам дека ова би можело да биде корисна зделка за двата клуба. Дембеле може да се види како добар потег, ќе има шанса да си ја врати формата и да стане една од ѕвездите на ПСЖ.

-Тој би се вратил во својата земја и може да има одлични настапи, па мислам дека овој потег би бил интересен за него. Ама прво мора да почекаме да видиме дали клубовите ќе постигнат договор,-вели Ривалдо за „Бетфер“ кој потенцира дека Барса ќе мора да одбере само еден играч меѓу Нејмар и Лаутаро Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни