Поврзете се со нас

Шпанија

Ривалдо има интересен предлог за нов тренер на Барселона: Тој е победник

Објавено

на

foto:twitter.com/RIVALDOOFICIAL

Барселона ќе остане без тренер по крајот на оваа сезона, па клубот ќе мора да пронајде соодветна замена за Чави Ернандес.

Управата и понатаму се обидува да го предомисли Чави, меѓутоа стратегот во повеќе наврати истакна дека нема намера да се предомисли и веќе станува се појасно дека ќе мора да се реши ова прашање со назначување на ново име, стручњак кој ќе мора да се вклопи во финансиската конструкција и филозофијата на клубот.

Се споменува Рафа Маркез кој го води Б тимот, Ханси Флик кој е слободен, а околу темата со став се јави и легендата Ривалдо кој има едно интересно решение, предлог кој реално е тешко остварливо-тоа е Жозе Мурињо.

-Не гледам Гвардиола наскоро да и се приклучи на Барселона. Мислам дека единствената реална шанса би била кога тој сака да се врати дома и да ужива во повеќе семеен живот, што е полесно за него во Барселона, а во исто време може да го тренира тимот. Така денес многу повеќе зависи од него, но мислам дека е многу тешко за следната сезона. Добро му оди во Англија и мислам дека ова враќање ќе зависи и од финансиската состојба на клубот и дали можат да доведат играчи за Гвардиола.

-Има многу навивачи кои не прифаќаат играчи или тренери кои играле или раководеле со нивниот ривалски тим. Но, Жозе Мурињо веќе беше во Барселона, со Сер Боби Робсон, и тој е одлична личност. Се разбира, неговиот интензитет како тренер, а понекогаш контроверзноста со сопствените навивачи може да биде загрижувачка од самиот почеток, но тој е победник.

-Со оглед на тоа што е без клуб и ситуацијата во Барселона, според мене, во моментов е полесно да се приклучи на тимот отколку Гвардиола, мислам дека тоа би било одличен потпис за  Барселона, иако некои навивачи не го сакаат тоа име. Без сомнеж би завршил одлична работа, го познава тимот, шпанската лига, Лигата на шампионите и има големо искуство, -порача Ривалдо за „Бетфер“.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни